Тектонска промена во Реал Мадрид. Помалку од едно деноноќие по триумфот на Барселона во Џеда, Флорентино Перез ја пресече ерата на Чаби Алонсо. Она што требаше да стане династија, се распадна за само шест месеци. Формално – спогодбен раскин. Неофицијално – класична победа на „ѕвездите“ над стратегот.
Наводно, по поразот во финалето, Алонсо побарал неговите играчи да направат шпалир за Барселона. Но Килијан Мбапе, прв пат видливо револтиран, одбил – и целата екипа го послушала него, не тренерот.
На видеото од доделувањето на медалите, Алонсо стои сам додека играчите минуваат крај него без поздрав. Симболична сцена на крајот на авторитетот.
„Атлетик“ објави дека Винисиус веќе му порачал на клубот дека нема да потпише нов договор додека Алонсо седи на клупата. Неговиот тврд стил и дисциплински казни не им одговарале на ѕвездите навикнати на попустливост.
Наместо тим, Реал станал збир на индивидуалци со различни интереси – и слаба хиерархија.
Новиот тренер е Алваро Арбелоа, досегашен стратег на Кастиља. Блискоста со Флорентино Перез и неговата репутација на „војник на клубот“ му ја отворија вратата.
– Ќе воведе ред и дисциплина – велат изворите блиски до управата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
