Ракометниот клуб Алкалоид во недела на 30 март во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:00 часот ќе игра важен меч против Минаур Баја Маре (Романија), за место во полуфиналето во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ.
Првиот натпревар во Романија заврши нерешено 31-31 па екипата на Кирил Лазаров во Скопје ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување.
На прес-конференција пред натпреварот, тренерот на Алкалоид изјави дека овој меч е од големо значење за македонскиот ракомет и спорт и доста претпазливо ќе влезат во реваншот.
– Многу сум претпазлив за она што следи во недела. Ќе се обидеме да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт (во првиот натпревар) беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од навивачите – изјави Лазаров.
Победникот од овој дуел ќе игра полуфинале против подобриот од дуелот Олимпијакос – Рунар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
