Background

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани

Со изрази на висока почит кон покажаната хуманост на македонските државјани од земјава и од странство, како и кон сите пријателски и добронамерни гестови од поединци и организации во земјава и ширум светот, „Алкалоид“ се приклучува кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани. 

Преку нашиот долгогодишен партнер, Црвениот Крст на РСМ, компанијата одлучи да донира 15 милиони денари за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичната трагедија во Кочани. „Алкалоид“ АД Скопје упатува благодарност до оваа организација и до секој еден од нивните 165 ангажирани волонтери, кои безрезервно помагаа во бројни ситуации. Во оваа прилика, би сакале да искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во клучните моменти од животоспасувачката мисија.  

Алкалоид“ АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија со производи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрај горенаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност на Црвениот Крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка. 

- Advertisement -
Ad image

Во името на нашиот колектив, изразуваме длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за ненадоместливите загуби. Истовремено, упатуваме искрени желби за брзо закрепнување на повредените кои се лекуваат во земјава и во странство. 

За крај, би сакале да ги поздравиме напорите за помош на сите поединци и организации, кои со сопствени ресурси и несебични ангажмани придонеле и придонесуваат за поефикасно справување со трагичните последици. Понекогаш, и мал гест или убав збор за утеха и поддршка може да направи голема разлика.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation