Здружението „Алергија и јас“ објави дека во Србија е потврден првиот случај на алфа-гал синдром, алергија на црвено месо што се јавува по убод од крлеж.
Бранимир Дакиќ, специјалист по алергологија и клиничка имунологија од Клиничкиот центар на Војводина, кој беше вклучен во првиот дијагностициран случај, истакна дека пациентот доживеал одложени реакции по консумирање црвено месо, вклучувајќи уртикарија, оток и гастроинтестинални нарушувања.
Според него, лабораториските наоди го потврдиле присуството на IgE антитела на алфа-гал, што е повик за претпазливост и поголема дијагностичка чувствителност.
Здружението „Алергија и јас“ ги повикува граѓаните да бидат информирани, а здравствената професија да го вклучи алфа-гал синдромот во дијагностичкиот репертоар кога ќе се појават необјаснети алергиски реакции.