Охридската криминалистичка полиција со крајно сериозен пристап во откривање на казнивите дела употреба на опијати како и точење на алкохол на малолетни лица.
Инспекторатот при СВР Охрид во изминативе 10 дена во автокампот Градиште на сите три плажи – шанкови детектирал продажба на алкохолни пијалоци на малолетни лица. За сите прекршоци СВР Охрид против економските оператори поднела соодветни пријави. Казнивото дело точење на алкохол на малолетни лица констатирано е и во повеќе кафетерии и ноќни клубови во Охрид. Исто така продолжува борбата против дилерите со наркотични средства за кои акти Охридскај ќе извести во текот на утрешниот ден.