Ако пензиите се пресметуваат според моделот со проценти, ќе бидат пониски

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако линеарното зголемување од 1.000 денари кое што треба да го земат пензионерите за март е неуставно, како тогаш се уставни овие другиве линеарни зголемувања, праша денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги изјавите на уставната судијка Добрила Кацарска.

– Јас не сум правен експерт, не ни пледирам да бидам, ниту пак сум експерт по уставно право, но ако линеарното зголемување од илјада денари кое што треба да го земат пензионерите за март е неуставно, како тогаш се уставни овие другиве линеарни зголемувања? Нека ми објасни некој правен експерт како тоа ќе го толкува. Видете, со правна гимнастика ние видовме во минатото дека неправо станува право. Но, сега јас зборувам логично, ако овие 1.000 денари коишто се сега неуставни, како ќе бидат уставни претходните 1.000 и двапати по 2.000. Јас не велам дека тоа што е досега земено како вредност пензија ќе се врати, јас зборувам дека од тој момент кога тие ќе донесат ваква одлука пензиите на пензионерите ќе мора да се пресметуваат според процентите затоа што потоа може некој кривично да одговара за незаконско трошење на буџетски средства. А ако ги пресметаме пензиите според процентите односно условно кажано оној модел 50% трошоци на живот, 50% плата ќе дојдеме до 3 до 4.000 денари помали пензии од тие што денес ги земаат – рече премиерот.

Дали мене некој погрешно ме брифира, не ме брифира тргнете го тоа на страна, рече Мицкоски посочувајќи дека има правници во државата кои тоа ќе го толкуваат. За Кацарска рече дека таа е еден од судиите кои во минатото „неправото го направиле право“.

– Јас знам дека во минатото посебно овој уставен судија кога беше судија и посебно во случајот за 27 април знаеше неправото да го направи право, јасна ми е нејзината гимнастика. Тоа го видовме на дело, но еве баш би сакал ова некој да ми го толкува, како тоа би изгледало? И како ние ќе продолжиме да ги пресметуваме пензиите затоа што некој треба тоа да го потпише. Како јас ќе натерам некого тоа да го потпише? Како јас ќе натерам некој службеник да потпише пензија некому ако некој рече дека тоа е неуставно, ќе рече: кршам закон. Ќе одговарам кривично затоа што трошам пари од буџетот на граѓаните спротивно на устав и спротивно на закон. Така што не разбираат некои луѓе дека имаат и општествена одговорност. Не е само направи егзибиција на отворена сцена – рече Мицкоски кој денеска беше во посета на општина Аеродром.

Share This Article