Aјатолахот Насер Макарем Ширази, врховен шиитски свештеник во Иран, издаде фатва, религиозен декрет, против американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чин што може да се толкува како поттикнување на тероризам

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Aјатолахот Насер Макарем Ширази, врховен шиитски свештеник во Иран, издаде фатва, религиозен декрет, против американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чин што може да се толкува како поттикнување на тероризам.

Фатвата против Трамп и Нетанјаху е издадена 35 години по исто таков декрет на иранските религиозни лидери против писателот Салман Ружди.

Ширази како што објави „Фокс њуз“, во фатвата  наведува дека секое лице или влада што го доведува во прашање или се заканува на лидерството и единството на глобалната исламска заедница (Умма) треба да се смета за „воен водач“ или „мохареб“, односно оној што води војна против Бога.

Според иранскиот закон, „мохаребовите“ се предмет на казна погубување, распнување, ампутација на екстремитети или прогон.

– Оние што го загрозуваат лидерството и интегритетот на исламскиот Ума треба да се сметаат за воени водачи – наведе Ширази во фатвата.

Според преводот на фатвата објавена на социјалната мрежа X од Ниак Горбани, британски аналитичар од иранско потекло, кој го осуди декретот на Ширази, во неа директно се споменуваат претседателот на САД и лидерите на „ционистичкиот режим“, односно Израел, и нивните закани кон ајатолахот Али Хамнеи, врховниот лидер на Иран.

„Во последните денови бевме сведоци дека претседателот на САД и лидерите на ционистичкиот режим постојано им се закануваа на врховниот лидер на Исламската револуција и на некои Марџии (религиозни власти) со атентат. Ние, долупотпишаните, скромно прашуваме: Кој е исламскиот закон и должност на исламската заедница и нејзиното раководство во врска со заканата од атентат врз Марџа и Врховниот лидер? И ако таква акција е извршена од владата на САД или од некој друг, каква е одговорноста на муслиманите ширум светот?“ – пишува во фатвата кој се завршува со барање до Севишниот да ги „уништи непријателите на Бога“.

Share This Article