Агелер им се заблагодари на земјите од регионот за понудената помош

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Благодарна што денеска дојдов овде со мојот пријател амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Ние ја понудивме сета можна помош, но ние сме далеку и благодарна сум повеќе земји од регионот реагираа многу брзо и понудија помош, и презедоа дел од повредените и понудија помош што им беше потребна во моментот. Ние немавме можност тоа да го понудиме бидејќи сме далеку, и затоа сум многу благодарна на моите колеги и нивните земји што го сторија тоа – изјави Агелер.

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава Акиим Али, по потпишувањето во Книгата на жалост изрази сочувство до целата нација по повод трагичниот настан во Кочани, во кој животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени.

– Ова е навистина трагичен настан и во овој момент сè што можеме да направиме е да го изразиме нашето сочувство до целата нација, до заедниците и семејствата кои ги жалат оние кои ги изгубија, како и до оние кои се молат за брзо закрепнување на повредените пријатели и деца – рече Али.

Посочи дека како Светска здравствена организација нудат поддршка на кој било начин што можат да ја дадат во овој момент, како и за понатамошните потреби, штом имаат појасна претстава.

– СЗО стоеше и стои на располагање за земјата брзо и ефикасно да ја добие потребната поддршка и грижа за луѓето на кои им е потребна – рече Али.

Share This Article