Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски прашува како е можно МВР од една страна да дава документ дека пиштолот е легален, а од друга страна објаснува дека нема испукување во базата на податоци.
– Како може од легално оружје да нема најдено трага во база на податоци? Или некој во МВР не сака да ги пребара архивите и да го најде испукувањето или е нешто друго. Ова е страшно голем проблем – праша Манев.
Според него, ова е страшно нејасна ситуација, легално оружје да не биде испукано и како тоа оружје е влезено во правен промет ако не е испукано.
– Нема теоретска можност оружјето да не е испукано – убеден е Манев.
Овој пиштол е важен бидејќи е можно со него да е убиен Панче Жежовски во Велес.