Background

Адвокатите на осудените бараат ново судење за убиствата на Вања и на Панче

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Предметот за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје и на Панче Жежовски (74) од Велес во моментот е на разгледување во Вишото јавно обвинителство, откако пристигнаа жалбите на пресудите во Апелацискиот суд. Судија известител во Апелација за предметот е Ѓоко Ристов, кој минатата недела го испратил комплетниот предмет во Вишото јавно обвинителство Скопје на мислење. Осудените бараат пресудите да се укинат и предметот да се врати на повторно судење.

- Advertisement -
Ad image

За двете убиства неправосилно се осудени на доживотен затвор Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. За грабнувањето на Вања се осудени на 10 години затвор, а за грабнувањето на Панче се ослободени од вина, затоа што, според пресудата на судијата Ивица Стефановски од Кривичниот суд, Јавното обвинителство за ова дело не обезбедило докази.

Обвинителството не обезбеди докази ниту за таткото на Вања, Александар Ѓорчев, кого го обвини за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

До Апелација по пресудата стигнаа 6 жалби. Обвинителството се жалеше на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, на што неговиот бранител Владимир Туфегџиќ напиша соодветен одговор.

Жалба напиша и првообвинетиот Палевски, која, како што вели неговиот бранител Јовица Страшевски, брои над 100 страници.

Останатите 4 жалби се од бранителите на четворицата осудени.

Адвокатот Страшевски вели дека и во пресудата има многу суштествени повреди во постапката, покрај повредите во текот на самата постапка, на кои реагираше одбрана при судењето.

– Најдовме дел од докази кои не се изведени во постапката, а се напишани во пресудата. Има докази кои се побиваат со исказ на обвинет, а исказ на обвинет не може да е доказ, бидејќи истиот може и да не ја зборува вистината, доказ се побива со поткрепен доказ. Побаравме јавна седница на Апелацискиот суд, на која ќе имаме и дополнение на жалбените наводи, бидејќи имавме краток рок од 15 дена за жалбата. Во жалбата побаравме пресудата да биде укината и предметот биде вратен на повторно судење или да се донесе ослободителна пресуда – вели Страшевски.

По мое мислење, додава тој, пресудата е само еден расказ без докази.

– Има многу голема разлика во времињата кои се користени како докази. Сè што имаме да дополниме покрај поднесените жалби ќе биде изнесено на јавната седница пред Апелацискиот суд – вели Страшевски.

При изрекувањето на првостепената пресуда судијата Стефановски рече дека на 27 ноември 2023 година, рано наутро, Видевски и Манев, по упатства на Палчо, ја грабнале Вања од влезот на нејзината зграда, со намера за неа да изнудат пари од член на семејството. Кога излегла од лифтот за да оди на училиште, ја фатиле за устата и за половината, ја совладале, Манев ја врзал за рацете и за нозете, а Видевски ѝ се заканил да не вика оти ќе пукаат. Потоа Манев ја изнел од зградата, каде ги чекал Влатко Кешишев, и ја ставил во гепекот „цитроенот“ на Панче Жежовски, кого го убиле 5 дена претходно, на 22 ноември во Велес. По насока на Палевски, кој ги чекал со возилото „рено кангу“ ја однеле преплашената Вања на местото Дупки кај селото Бразда, каде Палевски ја убил со куршум во главата. Останатите тројца ја закопале, по што отишле во седиштето на партијата Десна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation