Адвокатите на Навални осудени на неколку години затвор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Russian opposition leader Alexei Navalny delivers a speech during a rally to demand the release of jailed protesters, who were detained during opposition demonstrations for fair elections, in Moscow, Russia September 29, 2019. REUTERS/Shamil Zhumatov/File Photo
- Advertisement -
Ad image

Судот во градот Петушки во Владимирската област источно од Москва денеска им изрече повеќегодишни затворски казни на тројца адвокати на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, јавува француската новинска агенција АФП. Тие беа осудени за учество во активности на „екстремистичка организација“.

На неколку години затвор денеска добија адвокатите Вадим Кобзев, Алексеј Липчер и Игор Сергунин – Кобзев доби пет и пол години, Липчер пет години, а Сергунин три и пол години затвор. Кобзев, Липчер и Сергунин, наводно, пренесувале пораки од Алексеј Навални од затвор до неговите соработници на слобода, со што му помогнале на опозицискиот лидер и критичар на Кремљ да продолжи со неговите забранети политички активности.

На предистражното рочиште во септември минатата година, Сергунин се изјасни за виновен, додека Кобзев и Липчер ги негираа обвиненијата. Оттогаш, на барање на обвинителството и покрај протестите на адвокатите, сите понатамошни постапки се водат зад затворени врати.

Адвокатите, кои беа осудени за учество во екстремистичка организација, беа уапсени во октомври 2023 година, пред смртта на Навални.

Рускиот опозициски лидер почина под сомнителни околности во февруари минатата година во затвор на крајниот север на земјата, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна.

Групите и организациите поврзани со Навални се етикетирани како екстремистички во Русија. Повеќето од неговите поранешни сојузници живеат во егзил, вклучувајќи ја и неговата вдовица Јулија Навални, која вети дека ќе ја продолжи својата работа.

Share This Article