Иако јавноста ја распна поради зголемувањето на телесната тежина, Адријана Лима сега ги замолчи сите.
Откако доживеа брутални напади поради нејзиниот физички изглед, една од најубавите жени во светот, Адријана Лима се појави во полн сјај на шоуто на Викторија Сикрет во Њујорк – послаба, посамоуверена и подеднакво неодолива како порано.
На спектакуларното враќање на модната ревија на „Викторија Сикрет“ 2025 во Њујорк, една од најголемите икони на брендот, Адријана Лима, уште еднаш покажа зошто ја носи титулата вечна муза на модната индустрија.
Иако поминаа години откако првпат стапна на пистата на VS, бразилската убавица, дури и на 44-годишна возраст, ја плени публиката, како за неа да не постои времето. Лима се појави во две сосема различни, но подеднакво впечатливи комбинации кои го покажаа контрастот на нејзината харизма: сила и нежност, темнина и светлина.
Таа прво се појави во комбинација од црна чипка со сребрени крилја што создаде драматичен ефект во движењето.
По силниот настап во црно, Адријана се врати на пистата во друг, понежен изглед. Во тесен, транспарентен боди прошаран со светкави детали и со луксузни крилја во бронзени тонови, Лима изгледаше зачудувачки.
Адријана претходно откри дека би сакала луѓето да ја гледаат надвор од рамката на нејзиното лице и тело, иако многумина ја критикуваат со години дека претерува со филери и ботокс.
– Вистина е дека обично се здебелувам многу за време на бременоста, но морам да размислувам за себе. Имав други приоритети. За среќа, имав поддршка од моето семејство, а сега сето тоа е во минатото. Модата е за нас жените, кои обично купуваме и сме свесни што се случува таму, па затоа треба да го славиме секој момент од животот. И се чувствувам одлично во моментов – рече таа, а не се двоумеше да прошета по модните писти дури и за време на бременоста.
Таа еднаш коментираше за пластичните операции на социјалните мрежи.
– Ова е лицето на уморна мајка на тинејџерка и две деца предтинејџери, вклучувајќи активно едногодишно момче кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодарам за грижата – напиша таа покрај фотографија без шминка од нејзината кујна.
Патем, Адријана беше ангел на „Викторијас Сикрет“ од 1999 до 2018 година, а беше и амбасадор за IWC, Пума, Мејбелин и Шопард.
Таа беше во брак со Србинот Марко Јариќ, со кого се омажи во 2009 година, а во 2014 година објавија дека се разделуваат, а разводот беше финализиран две години подоцна. Заедно имаат две ќерки, Валентина и Сиена.
Таа пронајде нова среќа со Андре Лемерс, со кого доби син во 2023 година. Се венчаа минатата година.