Топ Вести - Слушај сега
Русија се подготвува да се врати на жешката површина на Венера, планирајќи ја мисијата „Венера-Д“, којашто вклучува повеќе носачи, приземјувач, балон и орбитер. Лансирањето се очекува да се случи во 2036 година. Развојот на „Венера-Д“ е во тек од 2003 година, пишува порталот „Рашн спејс веб“ (RussianSpaceWeb).
Пред руско-украинската војна и денешната геополитичка поставеност, „Венера-Д“ се сметаше и за можна заедничка мисија со НАСА и САД. Иако американската Национална воздухопловно-вселенска администрација веќе не соработува на руски вселенски проекти, освен Меѓународната вселенска станица, Русија сè уште напредува со својот потфат. Мисијата е дел од пакет роботски вселенски летала што Русија планира да ги испрати на Месечината и Венера, и тие денес заземаат главно место во стремежите на руската вселенска агенција Роскосмос, како што потврди вицепремиерот Денис Мантуров во интервју за „Разведчик журнал“.
Новиот проект би ја продолжил серијата успешни мисии за слетување од 1960-тите, 70-тите и 80-тите, со претходните вселенски летала „Венера“ управувани од поранешниот Советскиот Сојуз. Инаку, СССР е единствената држава, се наведува, со успешно слетување и управување со вселенски летала во „пеколните“ услови на површината на сјајната планета.
– Ќе ве потсетам, во 1970 година, нашата земја успешно слета со вселенски летала на втората планета во Сончевиот Систем, имено Венера. Затоа, веројатно прво ќе одиме во таа насока – рече Мантуров.
Меѓу целите на „Венера-Д“ ќе биде потрага по микробен живот во облаците на Венера, по контроверзните неодамнешни откритија на фосфин и амонијак во атмосферата на планетата.
Мисијата од 1970. е „Венера 7“ – еден од четирите успешни советски вселенски проекти со летало што успеаја да испратат фотографии од површината, според наводите. Советските мисии на Земјината „сестринска планета“ успешно издржаа температури од 480 Целзиусови степени и површински притисоци повеќе од 90 пати поголеми од оние на Земјата, откривајќи ја површината на жолтите вулкански карпи и облаците од сулфурна киселина што ја сочинуваат нејзината многу неповолна атмосфера.
СССР лансираше повеќе мисии „Венера“ во период од 22 години. Леталата „Венера 1“ и „Венера 2“, лансирани во февруари 1961. и ноември 1965 година, беа дизајнирани да летаат до оваа нам соседна планета, но не успеаја да ги испратат потребните податоци. „Венера 3“ влезе во нејзината атмосфера, како што беше планирано, во март 1966., но и тоа стивна. Следните три мисии – „4“, „5“ и „6“ успешно влегоа во атмосферата на Венера и вратија податоци како подготовка за првиот обид за слетување – „Венера 7“, лансиран во август 1970-тата. СССР потоа испрати уште девет мисии на Венера, завршувајќи со успешниот потфат „Венера 16“ во 1983 година.
НАСА, Европската вселенска агенција – ЕСА и јапонската Јакса испратија неколку орбитални мисии на Венера последниве десетлетија, па така, Русија не е единствената нација што сака да се врати на втората планета од Сонцето. И ЕСА и НАСА имаат мисии во развој. Проектите на НАСА – „Веритас“ и „Да-Винчи“ едвај ги преживеаа заканите за откажување во буџетот на САД за 2026 година, додека лабораторијата „Рокет лаб“ (Rocket Lab) и Институтот за технологија во Масачусетс работат на приватно вселенско летало – „Венус лајф фајндер“ (Venus Life Finder), коешто треба да полета уште оваа година. И Индија има намера да ја испрати својата прва мисија на Венера околу 2028 година.
Tagged as:
Орбитер треба да полета во 2036. и да бара живи микроби
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
