Уставниот суд не донесе одлука за оценка на законот што ја воведе

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд не донесе одлука за оценување на уставноста на двојазичните декларации, воведена со Законот за заштита на потрошувачите, затоа што гласовите биле изедначени, (4 : 4), односно не постоело мнозинство. Раправата останува отворена.

Законот за заштита на потрошувачите, беше донесен по скратена постапка на 15 ноември 2022, уште на самиот старт предизвика револт кај трговците и увозниците. Освен производителите на храна и трговците, двојазични деклрации се обврзани да лепат и увозниците на бела техника, облека и обувки, фармација, односно 13 гранки, аосвен на македонски или на некој друг јазик, сите потребни информации за производот мораат да бидат истакнати и на албански јазик.

За да ја исполнат оваа обврска, сите приватни субјекти ангажираа преведувачи, што беше дополнителен трошок за нив.

По донесувањето на Законот за заштита на потрошувачите, многу трговци одбиваа да примат производи без соодветни декларации, бидејќи казните се движат и над 1.000 евра и затворање на дуќанот од 15 до 30 дена.

На ваквото решение веќе подолг период реагираа и двете стопански комори, како и од партијата Левица, кои посочија дека „ова е првпат на приватни субјекти да им се наметнува ваква обврска и дека ќе поднесат предлог-закон за измена на Законот за заштита на потрошувачите, со кој се бара враќање на обврската за информирање во претходната состојба“. Партиите не го поддржаа овој предлог затоа што за негово донесување, иато како и за основниот закон, потребно е тнр. Бадентерово мнозинаство.

Иницијативата за преиспитување на уставноста на Законот за заштита на потрошувачите е поднесена од адвокатот Валентин Пепељуговски, кој во неа наведува дека во „Уставниот амандман V покрај македонскиот јазик е предвидено „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните е исто така службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член” и смета дека ова се однесува како обврска на државата и институциите, но не и на приватните лица.

– Исто како и уставното уредување, Законот за употреба на јазиците е насочен за регулирање на односот и јазикот помеѓу државните единици и правни лица со јавни овластувања од јавен интерес и не го опфаќа начинот на комуникација меѓу приватните лица како ограничување на слободата на пазарот и претприемништвото. Се наведува дека трговецот има обврска за јасно и видливо информирање на потрошувачите од аспект на амбалажа, налепница, упатство, декларација, сертификат и/или друг документ да му даде прецизни информации на потрошувачот за стоката – објаснува подносителот Пепељуговски, кој го оспорува Член 6 став 2, член 37 став 2, член 111 ставови 4 и 5, член 123 став 1, член 138 став 3 и член 139 став 2, од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.236/2022).

На денешната седница на Уставниот суд не беше донесена одлука, поради изедначено гласање на 8 уставни судии. На седницата учествуваше и судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која вчера поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието Африм Гаши. Нејзината оставка денеска била разгледана и прифатена од пратениците, по што престанува нејзината функција. Таа ја образложила оставката со лични причини, а се враќа да предава како професорка на правниот факултет во Скопје.

Share This Article