Пријавени се и штипските обвинители Кацарова и Бојаџиски и Ермон Елези од Советот за јавни обвинители

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мустафа Хајрулахи, суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, поднел кривична пријава против Љупчо Коцевски, Јавен обвинител на РСМ, против Татјана Кацарова, обвинител на Основното јавно обвинителство Штип, против Ристо Бојаџиски, виш јавен обвиител во Вишото јавно обвинителство Штип и против Ермон Елези, член на Советот на јавни обвинители на РСМ.

Вишиот обвинител Хајрулахи тврди дека пријавените сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од членот 353 став 1 во врска со членот 22 од Кривичниот законик.

Пријавениот Љупчо Коцески, како Јавен обвинител, на 31 октомври 2024 година доставил кривична пријава против Хајрулахи на надлежно постапување во ОЈО Штип. На 5 ноември 2024 година во ова Обвинителство е оформен предмет (КО бр. 452/24), кој го водел јавниот обвинител Татјана Кацарова.

Во исвестувањето доставено до шефот Коцевски, Кацарова навела дека „по спроведените истражни дејствија во јавното обвинителство, на 5 ноември 2024 година е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против Мустафа Хајрулахи од Скопје за кривично дело Малтретирање во вршење на служба од членот143 во врска со членот 45 од КЗ“.

Хајрулахи во пријавата го поставува прашањето кои истражни дејствија ги презела обвинителката Татјана Кацарова, за да утврди основано сомневање дека пријавениот е можен сторител на кривичното дело кое е наведено во Наредбата за спроведување на истражна постапка. Во членот 39 од Законот за кривична постапка е наведено дека право и обврска на јавниот обвинител е да „пронаоѓа, предлага и да обезбедува докази, под услови и на начин определени со овој закон“ . Во конкретниот случај, обвинителката Кацарова немала никакви докази, туку се потпрела само на кривична пријава непоткрепена со ниту еден материјален доказ.

Ваквата штура Наредба за спроведување истражна постапка против Мустафа Хајрулахи, без притоа да преземе било какво дејствие за да се поткрепат наводите од кривичната пријава, Кацарова ја доставува до Јавното обвинителство на РСМ. Таа Наредба му послужила на Љупчо Коцевски на 11 ноември 2024 година да донесе Одлука (Дов бр. 49/2024), со која јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи го оддалечил од вршењето на функцијата јавен обвиител се до завршувањето на кривичната постапка која се води против него пред Обвинителството во Штип.

Интересно е дека од поднесувањето на кривичната поријава на Коцевски против Хајрулахи на 31 октомври, до Наредбата за поведување истрага на 5 ноември поминале само 5 дена, од кои само 3 дена биле работни. Од Наредбата за истрага до одлуката на Коцевски за суспендирање на Хајрулахи на 11 ноември поминале само 6 дена, од кои само 4 дена биле работни. Со други зборови, Хајрулахи е „егзекутиран“ за 11 дена, од кои 7 работни. Ваква ефикасност на Јавното обвинителство е за Гинисовата книга на рекорди!

Согласно со Задолжителното упатство (Дов бр. 10/2013) од 14 февруари 2013 година, за донесената Наредба за спроведување на истражна постапка против Хајрилахи бил известен непосредно повисокиот јавен обвинител, вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип, Ристо Бојаџиски. Тој, пак, не постапил согласно со своите законски надлежности предвидени во членот 28 став 1 од Законот за јавно обвинителство и не констатирал дека при постапувањето обвинителката Кацарова го повредила општиот принцип на казненото право – задолжително применување на поблаг кривичен закон од член 3 од КЗ.

Каде е „кваката“ тука?

- Advertisement -
Ad image

Кривичната пријава поднесена против Хајрулахи го опфаќала периодот од 2020 година до 2024 година. Сите пријавени, како јавни обвинители, биле должни да знаат дека до февруари 2023 година запретената казна за кривичното дело Малтретирање во вршење на служба од член 143 на КЗ била поблага и дека за ова кривично дело не било предвидено донесување Наредба за истрага. Со своето незнаење или со свесна намера, пријавените обвинители тешко ги повредиле правата на вишиот јавен обвинител Хајрулахи и му оневозможиле непречено да ја извршува функцијата во Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно член 23 став 2 од Законот за јавно обвинителство.

На 21 ноември 2024 година, бранителката на Хајрулахи, адвокатката Софија Лаличиќ, до Совет на јавни обвинители на РСМ, поднела Претставка за работењето на обвинителката Татјана Кацарова. Но, членот на Советот Ермон Незири не постапил во рамките на својата обврска согласно член 9 став 1 точка 4 од Законот за Советот на јавни обвинители и не констатирал нестручно и несовесно јавнообвинителско работење на обвинителката Татјана Кацарова. Напротив, во Известувањето на Советот на јавни обвинители (СОПП бр.127/24 од 20.12.2024 година), Незири констатирал дека Кацарова совесно и одговорно ја извршувала јавнообвинителската фунцкија.

Хајруклахи пријавата против четворицата ја поднел до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ЈОГОКК), а во прилог ја доставил целокупната документација поврзана со случајот. Тој пријавата ја испратил на увид и до Вишото јавно обвинителство во Штип, до Советот на јавни обвинители на РСМ и до Собранието на РСМ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article