Топ Вести - Слушај сега
Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy ), актерот Ерик Дејн (53) почина помалку од една година откако јавно проговори за својата тешка дијагноза – амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Американскиот актер беше најпознат по улогата на харизматичниот д-р Марк Слоун, д-р Мек Стими во серијата „Вовед во анатомија“.
Храброста и отвореноста на Ерик Дејн за битката со болеста што постепено му го промени животот, оставија силен впечаток во јавноста.
Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство во изјава за „Дејли Мејл“.
– Со тешко срце ја споделуваме веста дека Ерик почина во четврток попладне по храбра борба со АЛС. Тој ги помина последните денови опкружен со блиски пријатели, неговата посветена сопруга и ќерките Били и Џорџија, кои беа центарот на неговиот свет – се вели во соопштението.
Зад себе ги остава сопругата Ребека Гејхарт и двете ќерки, Били Беатрис (15) и Џорџија Џералдин (13).
Семејството истакна дека за време на неговата борба со болеста, тој станал силен застапник за подигање на свеста за АЛС и поттикнување на истражувања, сакајќи да им помогне на другите кои минуваат низ истата битка.
Video Player
Актерот ја објави својата дијагноза на АЛС во април минатата година. Тоа е прогресивна болест на нервниот систем која ги зафаќа нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок, предизвикувајќи постепено губење на мускулната контрола и парализа.
Во јуни, тој откри во интервју за ABC News дека веќе ја изгубил функцијата на десната рака и изрази страв дека наскоро би можел да ја изгуби подвижноста и на левата. До септември, тој веќе се движел во инвалидска количка.
Тој, исто така, се сети на своите први симптоми, кога забележал слабост во раката, мислејќи дека е замор. По серија посети на специјалисти и невролог, конечно му била дијагностицирана болеста.
– Никогаш нема да ги заборавам тие три букви – рече тој во тоа време. И покрај влошеното здравје, Дејн остана активен во јавноста и ја поддржуваше организацијата I AM ALS, охрабрувајќи ги луѓето да донираат и да истражуваат.
Ерик Дејн е роден на 9 ноември 1972 година во Сан Франциско. Во младоста се занимавал со спорт, но откако учествувал во училишна претстава, развил страст за глума. Се преселил во Лос Анџелес со многу малку пари и започнал актерска кариера, која првично била обележана со помали телевизиски улоги.
Неговиот пробив се случи во 2005 година кога се појави во „Вовед во анатомија“ како д-р Марк Слоун. Ликот стана исклучително популарен, а Дејн наскоро бил промовиран во редовен глумец во серијата. Тој останал во оваа серија до нејзината осма сезона, со повремени враќања. Подоцна отворено зборувал за своите борби со зависноста за време на снимањето на серијата и признал дека дел од тоа време го поминал на рехабилитација.
Во последниве години, публиката го гледаше во HBO серијата „Еуфорија“, каде што го играше Кал Џејкобс, таткото на ликот што го играше Џејкоб Елорди. Се појави и во филмови како Marley & Me, Burlesque, Valentine’s Day, како и во понови проекти како Bad Boys: Ride or Die.
Дејн и Ребека Гејхарт се венчаа во 2004 година. Иако парот поднесе барање за развод во 2018 година, подоцна се откажаа од него и останаа заедно до неговата смрт.
По дијагнозата, Гејхарт призна колку семејството било погодено од болеста и истакна дека ќерките, со стручна помош, се обидувале да најдат сила во овој тежок период.
Ерик Дејн ќе биде запаметен како талентиран актер, но и како човек кој ја претворил својата тешка дијагноза во борба за подигање на свеста за болеста за која сè уште нема лек.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
