– Ценети организатори на Охридските староградски средби, почитувачи на убавата музика и градскиот мелеос, дами и господа.Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид по 37 пат е домаќин на овој значачаен културен настан. Преку него патуваме низ времето кога младите охриѓаники и возрасни госпоѓи уживале во серенадите кои под прозорец ги пееле познати музиканти поддржани од нивните сакани. За миг застануваме пред портите на куќата од Робевци и Уранија, шетаме по тесните сокачиња на Варош и не остануваме рамнодушни пред раскошот на охридските моми кои буделе восхит кај минувачите на градското корзо. Чекориме низ времето по холот во хотел „Палас„ или низ некогашните хотели на ПТТ и „Парк“….Охридските Строградски Средби се можеби најпрепознатливиот и највпечатливиот културен белег на нашиот народ, кој низ песната ги изразувал своите радости, тага, мечти и тешкотии. Вечерва 120 те учесници од 7 културно уметнички друштва од Охрид, Прилеп, Кичево, Скопје, Струга, Штип и Дебрца со својот настап ќе го потврдат непресушниот талент на македонскиот народ низ различни културни форми да се самопотврдува и да биде препознатлив на светската културна мапа. Охридските Староградски Средби се можеби најзначајната алка во културниот гердан на градов зошто преку нив се изразува нашиот талент и уметничко битисување препознатливо и за другите култури и народи. Дозволете ми во името на Општина Охрид да ви посакам пријатна и распеана вечер, а тебе драга публико ти посакувам да понесеш позитивни впечатоци и до в година да бидеш уште побројна- рече Крстеска.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
