Топ Вести - Слушај сега
Новите детали за трагичниот настан на градилиштето покажуваат врски со високи функционери – поранешниот началник на СВР Охрид Жарко Лазоровски е сопственик на станот каде требало да се монтира мебелот
Додека Охрид сè уште жали за младиот Кристијан Љушев (28), кој трагично загина на градилиште, новите информации го прават случајот уште потревожен. Зад фаталниот инцидент се открива мрежа на врски, моќ и сомнителни постапки што ја вклучуваат врвната локална елита.
Станбената единица каде требало да се монтира мебелот – и каде загина Кристијан – е во сопственост на Жарко Лазоровски, поранешен началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид. Човекот кој требаше да го штити законот и безбедноста на граѓаните, сега е во центарот на трагедија што резултираше со загубен млад живот.
Но врските одат подлабоко. Во истата зграда стан поседува и неговиот брат, Павле Лазоровски. Уште поинтригантно, сопругата на Павле е избрана за правобранител за подрачјето на општина Охрид – назначување за кое постојат сериозни прашања околу законитоста на постапката.
Улогата на правобранителството во овој случај не смее да се игнорира. Како институција задолжена да ги штити интересите на државата и локалната самоуправа, правобранителството треба да врши надзор над отстапувањето на државни парцели и да спречува злоупотреби.
Меѓутоа, прашањата се наметнуваат сами:
Ова не се само хипотетички прашања. Сопственоста на браќата Лазоровски во зграда изградена од фирмата „Интегра-09″, која очигледно работела спротивно на законот, бара детална истрага за можна корупција, судир на интереси и злоупотреба на службена положба.
Едно од најбизарните прашања во целата приказна е: зошто Жарко Лазоровски, човек со долгогодишно искуство во безбедносните структури, одлучил да монтира мебел во стан што се наоѓа во зграда без завршени градежни работи и без употребна дозвола?
Секој граѓанин со здрав разум знае дека влегување во објект што сè уште е градилиште претставува огромен ризик. За поранешен началник на полиција, оваа одлука е непростлива – освен ако не претпоставиме дека постоеле други причини за брзањеи дали мебелот воопшто е платен или???.
Дали Лазоровски знаел дека градбата е нелегална, но имал доволно врски за да смета дека е “заштитен”? Дали неговата поврзаност со правобранителот му давала лажна сигурност дека ништо нема да му се случи?
Македонија има долга и болна историја на заташкувања. Колку пати моќните и поврзаните излегувале некажнето? Колку пати семејствата на жртвите останувале без одговори?
Случајот на Кристијан Љушев има сите елементи на класично заташкување:
Но овој пат не смее да биде исто.
Органите на прогонот мора да одговорат на следните клучни прашања:
Кристијан Љушев беше млад човек со таленти и соништа. Неговото семејство денеска жали, но истовремено бара одговори. Охриѓани бараат одговори. Македонија бара одговори.
Ова не е само уште една трагедија – ова е одраз на систем кој ги штити моќните и ги жртвува обичните граѓани. Систем каде врските се важни од законот, каде функционерите можат да постапуваат безобѕирно без последици.
Ако овој случај повторно се заташка, ќе биде јасна порака до сите граѓани: вашиот живот не вреди ништо ако немате врски на вистинските места.
Органите на прогонот сега се на тест. Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција, Градежната инспекција – сите мора да ја направат својата работа. Без притисок. Без селективна правда. Без заштита на моќните.
Правда за Кристијан значи правда за сите. И време е таа правда конечно да дојде.
Сашо ДЕнесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
