29 лица се повредени во рускиот напад со беспилотно летало врз Запорожје, соопштија денес украинските власти.
Беше наведено дека 10 напади со беспилотни летала погодиле станбени згради, образовни институции и инфраструктурни објекти.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 64 од 150 беспилотни летала што ги користела Русија во нападите во текот на ноќта.
Се тврди дека 62 дронови не ги достигнале своите цели поради електронски контрамерки, пренесува Ројтерс.