Background

Вкупната вредност на извозот на стоки во јануари 2025 година, изнесува 599,3 милиони американски долари

Вкупната вредност на извозот на стоки во јануари 2025 година, изнесува 599,3 милиони американски долари и бележи пад од 0,2 % во однос на истиот период од претходната година. Во јануари 2024 година извозот изнесувал  600.5 милиони САД долари.

Вредноста на увeзената стока, во јануари годинава споредено со истиот месец лани, изнесува 878,5 милиони долари, што е за 0,6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 279,2 милиони долари.

Изразено во денари вкупната вредност на извозот во јануари годинава во однос на јануари 2024 година бележи пораст од 5% , додека увозот пораснал за 5,9%. Во евра, пак, бројките покажуваат дека извозот се зголемил за 5,1 %, а увозот за 6,1 %.

- Advertisement -
Ad image

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, други катализатори на носачи и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и платината и легурите на платина, необработени или во прав.

Во јануари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Кина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation