271 килограм кокаин запленет во Солун

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во контејнер со пратка од Латинска Америка, што пристигнала на пристаништето во Солун, грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин, што се проценува дека е во вредност од над 5,5 милиони евра, а уапсени се 3 лица членови на криминална организација со меѓународен карактер, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација била разбиена по искористените информации добиени од Националната агенција за борба со криминал на Обединетото Кралство, „во врска со транспортот и увоз по морски пат на контејнер со голема количина кокаин од земја на солунското пристаниште,  од Латинска Америка“.

Во средата била спроведена голема операција и бил пронајден контејнерот во кој во специјален дел била скриена дрогата, а членовите на криминалната организација биле уапсени во саботата во атинско предградие.

Тројцата уапсени на возраст меѓу 32 и 47- годишна возраст имале посебни улоги во увозот и трговијата со дрогата.

„Нелегалната финансиска корист на членовите на организацијата од продажбата на запленетата количина кокаин се проценува на повеќе од 5,5 милиони евра“, соопштија од грчката полиција.

Share This Article