Данска доминира во светскиот ракомет и вечерва во Осло ја совлада Хрватска со 32:26 (16:12), со тоа што стана првата репрезентација која четврти пат по ред е крунисана како светски првак.
По трите сребрени медали, откако се искачи на врвот на светот во 2019 година, ракометната репрезентација на Данска нема вистински ривал.
Хрватска направи сензација во полуфиналето кога во Загреб ја победи Франција, но едноставно не можеше да го направи тоа против Данците. Не успеаја да ја надминат негативата од два до три гола на почетокот на мечот, а Матијас Гидсел, Емил Јакобсен, Симон Питлик, Никлас Киркелоке и другите асови рутински ја водеа Данска до нова титула.
Веќе на стартот од вториот дел, Данците со добра одбрана искористија двајца играчи повеќе на теренот поради исклучувања и во 38. минута поведоа со 22:14, па 24:14, а потоа рутински го одржуваа водството, иако му дозволија на својот ривал да го ублажи поразот.
Матијас Гидсел, веројатно МВП на шампионатот, постигна 10 гола за Данска, Јакобсен остана на петте од првото полувреме, Мадсен додаде четири, Питлик три, Јоргенсен, Киркелоке по два.
Мартиновиќ со шест и Шоштариќ со пет гола беа најефикасни во редовите на вицешампионите.
EPA-EFE/Bo Amstrup DENMARK OUT