Млад неготинец, на возраст од 26 години, се здобил со тешки телесни повреди при работа во фабрика во село Дуброво, неготинско.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи – Велес, несреќата се случила вчера околу 14:55 часот кога 51-годишниот З.Б. управувал со работната машина – вилушкар и го удрил вработениот Б.И.
„Младиот човек бил веднаш пренесен во болницата во Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР – Неготино“, се вели во соопштението од СВР – Велес.