Во Србија, 202 лица починале од труење во последните пет години, а 11 проценти од случаите се случиле во Белград, пишува весникот Политика.
Д-р Марија Марковиќ од Градскиот институт за јавно здравје во Белград изјави за Политика дека ненамерните труења се голем проблем во светот и дека децата под 14 години се особено ранливи.
„Децата се природно љубопитни и учат преку игра, допирајќи и ставајќи предмети во уста. За жал, се случува да дојдат во контакт со опасни супстанции што предизвикуваат труење“, рече Марковиќ.
Според неа, децата најчесто се трујат со лекови, хемикалии за чистење и козметички производи.
„Многу отрови имаат одложен ефект. Симптомите на труење понекогаш се појавуваат само по неколку часа или денови (…) Една од заблудите е дека детето треба веднаш да се натера да повраќа ако проголта нешто опасно. Честопати, ова може само да ја влоши ситуацијата“, рече д-р Марковиќ.