Background

19 април е последен рок за пријавување за субвенции за струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.

Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април.

Да потсетиме, право на поддршка имаат  домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови и згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).

- Advertisement -
Ad image

Барањето се поднесува со пополнет образец  достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, придружено со следната документација:

  • Изјава заверена на нотар за точност на доставените документи;
  • Копија од Решение за посебен додаток или надоместок за згрижување;
  • Копија од последна сметка за потрошена електрична енергија;
  • Копија од лична карта на подносителот;
  • Доказ за членовите на домаќинството.

За дополнителни прашања и информации, граѓаните може да се обратат на:

ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk и на веб-страницата: www.ea.gov.mk

Министерството ги повикува сите што ги исполнуваат условите да ја искористат можноста додека рокот не истечен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation