Топ Вести - Слушај сега
Во близина на српско-романската граница, во ромнаското гратче Ченај, недалеку од Темишвар, е откриено убиство што ја шокира јавноста: 15-годишниот Марио бил брутално избоден и убиен, а потоа неговото тело било запалено од група други малолетници.
Според официјалните податоци на обвинителството, Марио исчезнал на 19 јануари. Како што се утврдило во истрагата, тој се упатил кон домот на едно од осомничените момчиња возејќи се со скутер. Таму, наводно, бил намамен од 13-годишник да дојде во куќата со ветување дека ќе види квадрицикл (мотор со четири тркала).
Кога Марио пристигнал, му се придружиле уште едно 15-годишно дете и 13-годишникот. Според обвинението, тие го нападнале со нож и секира и му нанеле повреди што довеле до смрт. Мотивот за ова ужасно злосторство се верува дека е љубомора — наводно поради материјални предмети и популарност, бидејќи Марио имал работи што другите ги посакувале и често се фалел со нив.
Откако Марио починал, осомничените повикале трето 15-годишно момче да им помогне да се ослободат од телото. Тие го пренеле телото со градинарска количка до поле зад куќата и се обиделе да го закопаат. Како што утврдиле истражителите, земјата била многу тврда, па не успеале да ја ископаат јамата подлабоко. Пред тоа, телото било запалено со цел да се уништат трагите од злосторството, посочуваат од обвинителството.
Осомничените момчиња, кои Марио ги познавал од претходно, биле уапсени. Двајца од нив (15-годишници) се во притвор, додека помладиот (13) не се товари поради возраста, согласно законските одредби.
Случајот ја потресе јавноста во регионот поради бруталноста на настанот и возраста на сторителите, но истовремено ја отвори и дебатата за насилството меѓу малолетници, мотивирано од љубомора и материјална конкуренција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
