Првиот настап на Дончиќ во познатата жолта маичка го следеа од првиот ред светски ѕвезди.
Лука Дончиќ зачекори во ново поглавје од кариерата на спектакуларен начин кога за првпат играше за Лос Анџелес Лејкерс на натпревар против Јута. Преселбата од Далас Маверикс во еден од најпрепознатливите тимови во НБА предизвика вистински бум во возбудувања, бидејќи во арената се собраа многу ѕвезди и легенди кои сакаа да бидат дел од овој незаборавен момент.
Натпреварот кој заврши со победа на Лејкерс со 132:113, не беше само спортски настан, туку вистинско шоу кое го привлече вниманието на многу познати фаци. Меѓу гледачите беа пејачката Адел, актерот Вил Ферел, боксерскиот шампион Флојд Мејведер Јуниор, меѓу другите. и музичарот Мајкл Питер Балзари, попознат по прекарот Болва.
Дончиќ доби огромен аплауз пред почетокот на мечот, а секој навивач најде жолта маица со бројот 77 на своето седиште во арената, но можеби уште поемотивен беше моментот кога на трибините седна и Дирк Новицки, менторот на Дончиќ и поранешна ѕвезда на Маверикс, кој дојде лично да му даде поддршка на својот пријател. „Ќе бидам Мав до крајот на мојот живот, но морав да го поддржам Лука Дончиќ во првиот натпревар од неговото ново поглавје“, напиша Новицки.
Поддршка имаше и од неговото семејство кое најмногу му значи. Придружуван од неговиот татко Саша Дончиќ и неговата свршеница Анамарија Голтес, која дошла со нејзината ќерка Габриела.
Дончиќ за нешто повеќе од 23 минути игра постигна 14 поени, а придонесе и 5 скока и 4 асистенции.