Ѕвездата од „Твајлајт“ се расплакала додека нејзината сопруга го читала љубовниот говор

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Актерката Кристен Стјуарт влезе во брак со партнерката Дилан Мејер по 6 години врска.

Ѕвездата од „Твајлајт“ и сопругата организираа интимна прослава во мексикански ресторан во Лос Анџелес, во друштво на најблиските.

35-годишната Кристен и 37-годишната Дилан, наместо венчаници, се одлучија за лежерни аутфити во светла боја.

Кристен носеше здолниште и сако на кратки ракави, во комбинација со маичка, додека, пак, Дилан носеше сатенско здолниште со проѕирна кошула.

Додека траеше церемонијата, актерките беа опколени од семејството и од пријателите кои го снимаа моментот со нивните телефони.

 

Тие разменија прстени, а додека Дилан го читаше својот говор, Кристен почна и да плаче.

На крај, актерките позираа со саканите, држејќи букет цвеќе, и продолжија со малата забава.

- Advertisement -
Ad image

Кристен и Дилан се запознале уште во 2013 година, но официјално станаa пар во 2019 година.

Ја почнаа врската кратко откако Кристен раскина со моделот Стела Максвел.

По раскинувањето на врската со моделот, Кристен повторно ја сретнала Дилан на забава на пријател и бргу се зближиле.

- Advertisement -
Ad image

– Ја запознав пред многу години на сет, но ја немав видено 6 години. И, тогаш се појави на роденденска забава на пријател и си помислив „Каде беше досега?“. И двете сме од Лос Анџелес и многу го сакаме градот. Многу сме слични, но различни. Дилан е прекрасна – има изјавено актерката

Кристен и Дилан, која исто така е актерка, но и сценаристка, постојано беа забележувани заедно, а во 2021 година се јавија шпекулации и дека се свршиле.

Кон крајот на истата година, Кристен ја потврди свршувачката, а одвреме-навреме зборуваше и за плановите за свадбата.

Уште претходно актерката изјави дека и двете би сакале нешто поинтимно, наместо раскошна прослава.

Минатата година, таа откри дека со Дилан размислувале и за деца. Актерките би сакале и двете да донираат јајцеклетки и да добијат деца со помош на ин витро.

Пред да ја пронајде среќата со Дилан, Кристен беше во врска со колегата од „Твајлајт“ – Роберт Патинсон.

Потоа актерката имаше неколку врски со жени – кратко се гледаше со стилистката Сара Динкин, како и со продуцентката за специјални ефекти Алисија Каргајл.

Најдолга ѝ беше врската со супермоделот Стела Максвел, со која се гледаше од 2016 до 2019 година.

Share This Article