Ѕвездата на Бејвоч изгледа сензационално и на 57 години

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Актерката Дона Д’Ерико (57), најпозната по улогата во култната серија „Бејвоч“ (Чувари на плажата), уште еднаш докажа дека годините не се пречка за неа.

Во својата најнова објава на социјалните мрежи, таа гордо го покажа својот младешки изглед и завидна фигура, а фотографијата брзо собра десетици илјади реакции. Заедно со фотографијата на која позира во минијатурно леопардско бикини, со црвена чипка што дополнително го нагласува провокативниот изглед, Дона напиша: „Никогаш, љубов моја“.

 

Оваа објава предизвика лавина коментари и комплименти од обожавателите, кои го пофалија нејзиниот изглед.

Дона, која по актерската кариера во „Бејвоч“ почна да снима експлицитни содржини, неодамна прослави 30 години откако беше избрана за Мис септември во култното списание „Плејбој“.

Во едно интервју, таа се потсети на тој посебен период, нагласувајќи дека списанието направило невиден чекор кога посветило цела страница на една нејзина фотографија – едноставен крупен план од нејзиното лице со рацете под брадата. Оваа слика го означи првиот пат во историјата на „Плејбој“ лицето на девојката од централниот постер да биде претставено самостојно.

– Тоа беше историско и чест ми е што сум една од само 734 девојки на насловната страница на Плејбој во историјата на Плејбој, од времето кога Хефнер сè уште го водеше списанието и ја дефинираше поп-културата. Бев дел од тоа и секогаш ќе бидам горда на тоа наследство – рече Дона.

Патем, Дона Д’Ерико глумеше во серијата „Бејвоч“ од 1996 до 1998 година, каде што го играше ликот на Дона Марко, а нејзиниот лик, како и целата серија, оставија длабок белег во поп-културата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article