Италијанскиот клуб Фиорентина ја следи ситуацијата со Томас Мулер, чиј договор со Баерн Минхен истекува на лето и нема да биде обновен, пренесуваат германските медиуми.
Според „Спорт Билд“, италијанскиот стручњак за трансфери Џанлука Ди Марцио тврди дека Фиорентина веќе остварила контакт со агентот на Мулер.
Германецот (35) целата своја кариера ја мина во Баерн, со тимот освои 33 трофеи и е светски првак од 2014. Засега не кажа дека ќе ја заврши кариерата и дека е подготвен да игра на друго место.
За Томас Мулер се зборува за интерес од екипи од Турција, Саудиска Арабија и САД.
Фиорентина има искуство со играчи кои заминуваат од Баерн Минхен, бидејќи во минатото во тимот од Фиренца играа Клаудио Пизаро и Франк Рибери, кои ги напуштија Баварците.