Background

Зошто студентите со дуално образование се иднината на пазарот на труд?

„Работното искуство е високо ценето од страна на компаниите и токму затоа недостатокот од работна пракса претставува голема пречка за оние кои првпат бараат работа. Многу млади луѓе се заробени во маѓепсан круг: тие тешко можат да најдат прва работа, затоа што често во огласите се бара кандидатите да имаат работно искуство“.

Вака се вели во анализата за дуалното образование на познатиот Хајделберг Факултет во Скопје.

„Докажано е дека практиканството има големо влијание врз промоцијата на вработувањето на младите и е главна причина за ниските нивоа на невработеност кај младите во некои европски земји.

- Advertisement -
Ad image

Слично е и со пазарот на труд во Македонија, кој сè повеќе се соочува со недостиг од кадар кој веднаш може да се вклучи во работните процеси. Компаниите бараат луѓе кои покрај диплома ќе имаат и практично искуство – нешто што традиционалниот образовен систем ретко го обезбедува“, велат од Хајделберг Факултетот во Скопје.

Оттаму, дуалното образование, модел што Хајделберг Факултет во Скопје го воведе како прв и единствен во земјава, е одговор токму на оваа потреба, се вели понатаму во текстот.

Фото: Хајделберг Факултет Скопје

„Студентите уште за време на студиите се вклучени во платена пракса во големи компании во земјава и по завршувањето на факултетот тие зад себе веќе ќе имаат три години работно искуство.

Со овој пристап, компаниите можат да добијат кадар кој е веќе запознаен со нивната работа и процеси и наместо дополнителни месеци за обука, младите веднаш се подготвени да преземат одговорности. Освен тоа, дуалниот модел им овозможува да развијат и т.н. ‘soft skills’ – комуникација, работа во тим и решавање проблеми, кои се клучни за продуктивноста“, истакнуваат од Хајделберг Факултетот.

Хајделберг Факултет во Скопје веќе соработува со петнаесетина реномирани компании од банкарскиот и од производствениот сектор.

Според факултетот, овие партнерства ја потврдуваат важноста на новиот образовен пристап – за компаниите тоа е можност да инвестираат во идните професионалци, а за студентите гаранција дека нивното образование има директна практична примена.

Хајделберг Факултет – Скопје минатата година ја пречека првата генерација студенти кои во текот на студирањето два дена неделно работат во реномирани компании, а 3 дена во неделата студираат според германски стандарди.

Студентите по завршувањето на тригодишните студии се стекнуваат со двојна диплома – македонска и германска, а платената пракса им овозможува месечна плата која ја покрива школарината.

„На тековниот конкурс за прием на студенти за академската 2025/26 година на Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг од предвидените 30, останати се уште мал број места за упис на бруцоши“, потсетуваат од Хајделберг Факултетот во Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation