Наместо да се посвети на научни истражувања, одредени вработени во ЈУ Хидробиолошки институт Охрид, изгледа дека се ангажирале во сосема поинаков „проект“ – како да наточат гориво во приватно возило на сметка на институцијата.
Случајот потсетува на сторијата што ја објави редакцијата „Охридскај“ за крадењето во „Кам Маркет“ од страна на поранешниот началник на СВР Охрид, Зоран Сарафилоски – Шипе. Овој пат, истиот поединец, заедно со неговата сопруга Елизабета Сарафилоска, биле фатени како точат гориво во приватно возило, при што трошокот бил префрлен на ЈУ Хидробиолошки институт Охрид.
Законот е јасен – никој нема право да точи гориво за приватно возило на сметка на правен субјект, а уште помалку кога станува збор за буџетска организација што користи јавни средства.
Редакцијата „Охридскај“ испрати официјално барање за информации од јавен карактер до ЈУ Хидробиолошки институт Охрид. Раководителката на институцијата најави дека ќе одговорат на барањето.
Останува прашањето: дали ова е изолиран случај или долгорочна практика, со оглед на тоа што Елизабета Сарафилоска во минатото била и директор на оваа институција?
Се очекува и МВР на РСМ да реагира и да изврши контрола врз работењето на ЈУ Хидробиолошки институт Охрид, применувајќи го институтот „допрен глас“.
Прилог:Испратено барање за достава на инфорации од јавен карактер до ЈУ Хидробиолошки институт Охрид: