Жозе Мурињо и Столе Димитриевски во иста екипа – звучи како сценарио што би ги возбудило македонските љубители на фудбалот.
Турскиот великан Фенербахче сериозно го посакува македонскиот репрезентативен голман во своите редови.
Димитриевски во последно време речиси и да не добива шанса во Валенсија, што предизвикало разочарување и желба да ја смени средината.
Прв кој официјално се обидел да го привлече е токму Фенербахче, а покрај него, интерес покажале и Лил од Франција и Џенова од Италија.
Сепак, турскиот клуб засега е најупорен во намерата да го обезбеди неговиот потпис.