Бројот на заболени од грип во Хрватска го достигна врвот со 24.498, при што минатата недела се пријавени 5.507 случаи, додека 30 лица починале од компликации, покажуваат податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје, објави Танјуг.
На отворените одделенија има 30 заболени од грип, потврди раководителот на Клиниката за инфективни болести во Загреб „Д-р Фран Михаљевиќ“, Иван Пуљиз.
– Покрај тоа, имаме 6 пациенти на одделот за интензивна нега за возрасни. Станува збор за пациенти со најтешки компликации од грип. Повеќето од нив дојдоа од други клинички центри во Република Хрватска – изјави Пуљиз.