Жителите на Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, секое утро во 6 часот се будат со необичен, речиси морничав звучен сигнал кој одекнува низ целиот град веќе 2 децении. Оваа рутина, воведена во 2008 година, е не само дел од секојдневието, туку и потсетник за силното присуство на режимот во животот на граѓаните.
Звукот е толку продорен и препознатлив што е невозможно да се игнорира – без разлика каде се наоѓате во градот. За многумина, ова не е само утрински аларм, туку симбол на строгата контрола на владејачката династија Ким.
Северна Кореја е позната по својот тоталитарен систем на управување и по низата необични практики што го изненадуваат светот. Утринската мелодија, дел од оперската композиција „Каде си, драг генерале?“, се смета за дел од пропагандниот апарат, создавајќи чувство на преданост и восхит кон лидерите, објави Економист.
Според официјални извори, оваа композиција ја напишал Ким Јонг Ил во 1971 година, како дел од операта „Вистинската ќерка на партијата“, каде што воена болничарка копнее да го сретне „Големиот лидер“ Ким Ил Сунг.
Британскиот актер и комичар Мајкл Пејлин, познат од легендарната група „Монти Пајтон“, имаше можност да ја слушне оваа мелодија во живо за време на својата посета на Северна Кореја во 2018 година. Тој го опиша ова будење како едно од најчудните искуства во неговиот живот, споредувајќи го со сцени од ноќен кошмар.
На социјалните мрежи, снимката од оваа мелодија повторно стана вирална, а корисниците на TikTok ја опишуваат како звук кој предизвикува морници, ја споредуваат со кошмарна атмосфера или велат дека звучи како совршена музичка подлога за парализа во сон.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
