Background

Жената пајак способна да ги убие своите љубовници со бакнеж

Трејлерот за мјузиклот „Kiss of the Spider Woman“ (Бакнежот на жената пајак), во кој улогата ја толкува Џенифер Лопез, само неколку часа по објавувањето собра многу пофалби.

Ова е деби на Џенифер Лопез во мјузикл, а во трејлерот можете да ја слушнете како ја пее една од најпознатите песни од мјузиклот – „Where You Are“.

Целиот мјузикл зрачи со естетиката на стариот Холивуд, а нејзините трансформации во филмот се неверојатно шармантни.

- Advertisement -
Ad image

Самата Лопез претходно изјавила дека нејзината улога во „Бакнежот на жената пајак“ е најпредизвикувачка и најисплатлива што некогаш ја имала:

„Тоа е мрачна приказна, но и приказна за љубовта и опстанокот, за помагање еден на друг во тешки времиња. Мислам дека тоа е порака што навистина ни треба во моментов“, порачала Лопез.

Во рецензијата на магазинот „Вариети“, филмскиот критичар Питер Дебруж наведе дека ѕвезда како Џеј Ло може да ја привлече дури и онаа публика која вообичаено не сака мјузикли.

Филмот го режираше Бил Кондон, а покрај Џенифер Лопез, главните улоги ги толкуваат Тонатиух Елизарараз и Диего Луна. Продуценти на филмот се Артист Иквити, Бери Џозефсон, Том Кирдахи и Грег Џолен, додека Џенифер Лопез, Бен Афлек и Мет Дејмон се наведени како копродуценти.

Филмската адаптација е базирана на сценскиот мјузикл од 1993 година, напишан од Теренс Мекнали, Џон Кандер и Фред Еб.

Во филмот Лопез ја игра Ингрид Луна, легендарна филмска дива чија најпозната улога е жената пајак, способна да ги убие своите љубовници со бакнеж.

Дејствието е сместено во 1981 година, во текот на војната во Аргентина. Фризер Луис, кој отслужува затворска казна, ја користи својата имагинација и ги замислува филмовите на Ингрид за да избега од суровата реалност. Кога во неговата ќелија ќе го донесат марксистот Валентин (Диего Луна), двајцата развиваат необична врска преку магијата на музиката и филмот.

Филмскиот мјузикл беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал Санденс во јануари оваа година, а во кината ќе биде достапен од 10 октомври.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation