Жена синоќа загина во белградската населба Борча, откако паднала од балконот на кој се тепале нејзиниот сегашен и поранешен партнер.
Според српските медиуми, жената паднала од височина од 4 метри и починала на самото место.
Полицијата во Борча го уапси Д.З.(52) под сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство. Тој е приведен до 48 часа.
Според сомнежите на полицијата, Д.З. синоќа дошол во домот на поранешната партнерка В.С., поради што дошло до расправија. Во еден момент, таму се појавил нејзиниот сегашен партнер Н.Ј. (54), по што дошло до физичка пресметка меѓу двајцата мажи.
Во општата врева В.С. паднала од терасата и починала.
Според извори на српските медиумим жената паднала одеднаш, не е познато како, но има индиции дека случајно се лизнала.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, наредена е обдукција на телото, а на Д.З и Н.Ј. им е направена анализа на крвта во Воено медицинската академија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖