Жариштата кај Серта и Готен се под контрола

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На ден 24.07.2025 година, се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 3 се под контрола и 2 се изгаснати, информираше Центарот за управување со кризи во објава на официјалната Фејсбук страница.

Меѓу активните пожари набројани се жариштата во село Нивично кај планината Голем Готен, кај прилепско Бешиште, кај Церово и Групчин, пожарите кај Крапа, Грешница, Латово и Црешнево во Македонски Брод.

Шумскиот појас, кој гори на планината Готен од страна на Берово, во моментов е ставен под контрола, изјави за МИА, Димитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Берово.

Тој вели дека на терен се пожарникари, доброволци, вработени во ЈП „Национални шуми“ и се надева дека нема да се дозволи негово проширување.

Под контрола е пожарот меѓу селата Драгоево и Селце на планината Серта. Командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Благој Ренџов, изјави дека досегашните анализи покажуваат дека 70 до 80 отсто од пожарите на отворено се подметнати.

– На терен од вчера сме 15 пожарникари со четири возила, а денеска имаме уште четири возила од македонската интервентна единица и сме горе на сртот, пробуваме да го сопреме огнот да се шири – изјави Ренџов.

Изгаснати се пожарите кај далеководите во скопско Чучер Сандево и кај кумановско Речица.

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“. Пожарот избувнал утрово, и според првичните проценки станува збор за самозапалување.

– Пожарот избувнал во горниот дел од депонијата, веројатно од самозапалување. За два и пол часа, пожарот го санираа наши екипи со цистерна, со затрупување на земја. Помогнаа и општествено-одговорни компании, на кои им изразуваме благодарност – изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

- Advertisement -
Ad image

Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 120 до 150 тони смет.

Share This Article