Пејачот Саша Ковачевиќ, кој важи за еден од најангажираните и најзгодните српски пејачи, наполни 40 години.
Саша објави на Инстаграм видео како бил изненаден на плажа во Турција, кога персоналот на барот каде што уживал, дошол кај него и му донел торта и шампањ.
Славеникот бил воодушевен од овој гест, имало и прскање со шампањ на Саша, а пејачот повторно бил во центарот на вниманието на своите следбеници поради неговите мускули, најмногу стомачни, кои дошле во прв план во црни шорцеви за капење.
Саша на фотографиите позира во црн шорц, а многумина не можеа да ги тргнат очите од неговото мускулесто тело. Тој е совршено граден, а бидејќи строго внимава што јаде, прашањето е дали се засладил со тортата што му ја подготвиле.
Тортата била украсена со овошни мотиви и на неа било напишано „Среќен роденден“ на англиски јазик. Во духот на прославата, гостите го испрскале славеникот со шампањ.
Може слободно да се каже дека згодниот пејач, миленик на жените, на 40 години изгледа како да има 30.