Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Тајван

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван утринава, предизвикувајќи мала материјална штета, соопштија тамошните власти, додавајќи дека следеле серија помали последователни потреси.

Главниот земјотрес се случил во 10:11 часот по локално време во градот Дапу, додека епицентарот бил на околу 250 километри јужно од Тајпеј, каде земјотресот бил благо почувствуван.Главниот земјотрес беше проследен со десетина помали последователни потреси во Дапу.

Американскиот геолошки институт процени дека сето тоа се последователни потреси од земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Дапа на 21-ви јануари. Тогаш полесно се повредени 15 лица, а причинета е штета на згради и мост на автопат.

Тајван минува низ период на зголемена сеизмичка активност, посочија сеизмолозите.

Share This Article