Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Ванкувер, Канада, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на околу 500 километри од Ванкувер.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.