Српската влада донесе Уредба за ограничување на цените на нафтените деривати и го продолжи ценовниот лимит на бензините БМБ95 и Еуродизелот за уште 6 месеци.
Дизелот наменет за регистрирани земјоделски стопанства останува ограничен на 179 динари за литар.
Начинот на утврдување на цените останува ист како и досега, а бензинските пумпи можат, како што беше случај досега, да ги зголемат за 16 динари утврдените просечни големопродажни цени на бензините „евро дизел„ и „европремиум БМБ 95“.