Земјите од Персискиот Залив сериозно размислуваат за директно вклучување во конфликтот со Иран, по серијата напади што ја загрозија нивната енергетска инфраструктура и економија, објавува „Волстрит журнал“.
Иако засега не испраќаат свои копнени сили, заливските држави веќе преземаат чекори што ја поддржуваат американско-израелската офанзива од логистичка помош до економски притисок врз Техеран.
Саудиска Арабија, која претходно се дистанцираше од конфликтот, сега го менува пристапот. По серијата ирански напади со ракети и дронови врз енергетски објекти и главниот град Ријад, кралството дозволи користење на своја воздушна база од страна на американските сили.
Извори наведуваат дека престолонаследникот Мохамед бин Салман е сè поблиску до одлука за директно вклучување, со цел да се врати одвраќачката моќ на државата.
– Трпението на Саудиска Арабија не е неограничено – изјави министерот за надворешни работи Фејсал бин Фархан, алудирајќи на можен поостар одговор.
Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати преземаат финансиски мерки против Иран, затворајќи институции поврзани со режимот и заканувајќи се со замрзнување на милијарди долари ирански средства. Овие чекори имаат потенцијал сериозно да го ограничат пристапот на Техеран до странски валути и глобални пазари.
Паралелно, се разгледува и можноста за испраќање војска, додека Емиратите лобираат против прекин на огнот што би оставил дел од иранските воени капацитети недопрени.
Иако официјално тврдат дека не учествуваат директно во нападите, постојат индикации дека одредени операции веќе се одвиваат од територии во регионот, што укажува на постепено вклучување во конфликтот.
Паралелно како што наведува медиумот, Заливските монархии се наоѓаат во сложена позиција од една страна се под притисок да одговорат на иранските напади, а од друга стравуваат дека може да бидат оставени сами ако САД ненадејно се повлечат од конфликтот.
Дополнителен притисок претставува и најавата од Техеран дека сака да воспостави контрола врз Ормускиот Теснец и дури да наплатува премин, што директно ги загрозува глобалните енергетски текови.
Аналитичарите оценуваат дека токму овие закани ја туркаат регијата кон подлабока ескалација, со ризик од проширување на војната на повеќе фронтови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
