Background

Зеленски стравува дека Путин ќе сака да постигне двострани преговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.

– Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори – изјави Зеленски на прес-конференција.

Тој истакна дека Украина ќе инсистира не само на свое активно учество во сите мировни процеси, туку и на ангажманот на европските партнери.

- Advertisement -
Ad image

– Европа мора да биде вклучена во овие разговори, бидејќи безбедноста на нашиот континент не е прашање што може да се решава само меѓу Вашингтон и Москва. Како независна држава, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас – им рече Зеленски на новинарите за време на неговата посета на украинската нуклеарна централа на патот кон Минхенската безбедносна конференција денеска.

Телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со Путин и забелешките на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека е нереално да се врати на границите пред 2014 година, предизвикаа загриженост во европските земји дека Белата куќа може да се обиде да склучи договор со Русија без нив.д планот на Путин, според кој тој сака да стори сé што е можно за да ги претвори преговорите во билатерални (со САД) – рече Зеленски.

Според украинскиот претседател, важно е САД и Украина да подготват план за ставање крај на војната пред да разговараат со Русија.

Зеленски инсистира на средба со Трамп пред американскиот претседател да се сретне со Путин. Ова доаѓа и покрај тоа што Трамп вчера изјави дека очекува да се сретне со рускиот лидер во иднина, можеби во Саудиска Арабија.

Украина најави дека работи на организирање средба меѓу Зеленски и Трамп, но засега ништо конкретно не може да се соопшти.

Зеленски додаде дека во телефонскиот разговор со Трамп не разговарал за прашањето за членство во НАТО, иако рекол дека знае дека САД се против оваа идеја.

Украинскиот претседател, исто така, се обиде да го минимизира значењето на повикот на Трамп до Путин вчера пред средбата со него, велејќи дека се чини дека тоа не е знак за вистинските приоритети на Вашингтон, но додаде дека сепак е „непријатен“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation