Топ Вести - Слушај сега
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека го прекршила договорот за воздржување од напади врз енергетската инфраструктура, кој беше постигнат со посредство на Доналд Трамп, токму во деновите кога температурите достигнале минус 20 степени.
Зеленски соопшти дека Русија извршила масовен и намерен ноќен напад со 71 балистичка ракета и околу 450 беспилотни летала. Целта, рече тој, биле електроенергетските и грејните системи. Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев останале без греење, а воздушната тревога траела повеќе од пет часа.
– Или Русија мисли дека неделата има 4 нецелосни дена, или свесно ги чека најстудените ноќи за да удира – порача Зеленски, додавајќи дека ваквото однесување мора да има последици.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „го одржал зборот“, бидејќи договорот важел од недела до недела и формално истекол. Тој рече дека сакал паузата да продолжи, но нагласи дека неговата цел останува крај на војната.
– Примирјето беше од недела до недела, потоа заврши и Путин удри силно синоќа. Тој го одржа зборот дека… ќе прифателе сè, бидејќи таму е навистина, навистина ладно. Но, беше во недела, и Путин спроведе примирје од недела до недела.
Дополнително, на прашање дали е разочаран од Путин, Трамп одговорил:
– Сакам тој да ја заврши војната.
Украинската страна, пак, тврди дека прекинот на нападите требало да трае до петок и дека Москва ја искористила паузата за да складира оружје.
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Русија намерно чекала температурите да паднат пред да ја нападне енергетската мрежа.
– Москва го чекаше мразот за да удри врз енергетскиот систем. Ниту очекуваните разговори во Абу Даби, ниту ветувањата кон САД не го спречија Путин да продолжи со теророт врз цивилите во најсуровата зима – напиша Сибиха.
Тој додаде дека нападите опфатиле повеќе од 60 ракети и стотици дронови, насочени и кон станбени објекти во Киев, Харков, Суми, Одеса и Днепар.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев изјави дека Русија се обидува да создаде хаос кај невините цивили. Тој оцени дека ноќниот напад е „навистина лош сигнал“ во пресрет на новиот круг мировни разговори и повтори дека Алијансата стои зад Украина на долг рок.
Нападите оставиле без струја и греење делови од Харков, каде што повеќе од 110.000 домови останале без топлина. Водата била исцедена од радијаторските системи за да не замрзнат. Во Запорожје загинале двајца тинејџери, а најмалку девет лица биле повредени.
Украинските власти соопштија и дека е оштетен споменикот „Мајка татковина“ во Киев, симбол од Втората светска војна, што дополнително ја засили симболиката на нападите.
Нов круг разговори меѓу Русија, Украина и САД треба да се одржи во Абу Даби.
Украинските претставници најавуваат дека секое ново кршење на примирје ќе повлече брз дипломатски и, доколку е потребно, воен одговор, додека од Москва засега нема најава за траен прекин на нападите.
Tagged as:
Зеленски обвинува за скршено примирје Украина се смрзнува
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
