Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Украина заробила двајца кинески државјани кои се бореле за Русија.
– Нашата армија зароби двајца кинески државјани кои се бореле во руската армија. Ова се случи на територијата на Украина, во регионот Доњецк. Има документи на овие затвореници, банкарски картички, лични податоци – напиша Зеленски.
Тој рече дека Украина има информации дека сè уште има „значително повеќе кинески граѓани“ меѓу руските единици.
Зеленски рече дека побарал од неговиот министер за надворешни работи да контактира со Пекинг „и да дознае како Кина ќе реагира на ова“.
– Ова е јасен сигнал дека Путин ќе направи се освен да стави крај на војната. Тој бара начин да ја продолжи борбата – рече украинскиот претседател, повикувајќи ги САД и Европа да реагираат.