Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, навести можен референдум за иднината на Донбас. Според него, само украинскиот народ може да одговори дали таа територија треба да остане под контрола на Киев или да влезе во посебен статус во рамките на мировниот план предложен од САД.
– Народот на Украина ќе одлучи на избори или на референдум. Мора да постои став на народот – рекол Зеленски.
Американскиот предлог, пишува „Блумберг“, предвидува создавање „специјална економска зона“ во Донбас без присуство на руската армија. Вашингтон наводно предлага украинските сили да се повлечат, а Русија да не влегува во регионот, кој би бил под неутрална управа.
Зеленски потврдил дека украинскиот тим секојдневно работи на мировен договор со 20 точки, а ревидираната верзија веќе е испратена во Вашингтон. Според извор од администрацијата, документот содржи нови идеи поврзани со контрола на спорните територии и нуклеарната централа во Запорожје.
Во планот стои и клаузула за повлекување на руските трупи од окупираните делови на Харковската, Сумската и Днипропетровска област, како и прекин на огнот во Херсон и Запорожје. Зеленски објаснил дека во новата верзија се зголемува дозволениот број на украински војници, од 600.000 на 800.000, во согласност со актуелната состојба на фронтот.
– Во документите имаше различни бројки. Денес е договорено со армијата, 800.000 војници – рекол тој.
Според „Волстрит Џурнал“, лидерите на Германија, Франција и Велика Британија разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп, кој побарал од европските сојузници да извршат притисок врз Киев за прифаќање на мировниот план што би вклучувал територијални отстапки и ограничување на украинските вооружени сили.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјавил дека прашањето за територијални компромиси може да го реши само украинскиот народ.
Tagged as:
Зеленски навести можен референдум додека се крчка „економска зона“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
