Зеленски ја потврди информацијата дека украински, американски и европски претставници ќе одржат серија состаноци во Берлин во наредните денови, додавајќи дека лично ќе се сретне со пратениците на претседателот на САД, Доналд Трамп

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди информацијата дека украински, американски и европски претставници ќе одржат серија состаноци во Берлин во наредните денови, додавајќи дека лично ќе се сретне со пратениците на претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Ќе се сретнам со пратениците на претседателот Трамп, ќе има и состаноци со нашите европски партнери, со многу лидери, во врска со основите на мирот – политички договор за крај на војната – изјави Зеленски во полноќното обраќање до нацијата.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, патуваат за Берлин за разговорите, изјави претставник на Белата куќа, кој сакал да остане неименуван, пренесува ДПА.

– Актуелната можност е значајна и тоа е важно за секој град, за секоја украинска заедница. Работиме да обезбедиме мирот за Украина да биде достоен, и да обезбедиме гаранција, пред сѐ гаранција дека Русија нема да се врати во Украина за трета инвазија – рече Зеленски.

Финскиот претседател Александер Стуб го откажа планираното патување во САД за понеделник и вторник, за да може да отпатува за Германија за разговорите за Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на финското радио и телевизија Јуле.

Како што во петокот соопшти портпарол на германската Влада, меѓу европските лидери кои ќе се состанат во Берлин се францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и „многу други“.

Стуб требаше да го посети Тексас заради презентацијата на новите борбени авиони Ф-35 за Финска и за отворањето на фински конзулат во Хјустон.

Засега точниот распоред на средбите во Берлин не е познат. Посетата на Виткоф и Кушнер, според извештаите, се очекува „за време на викендот“, а средбата на европските лидери е најавена за утре.

Share This Article