Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има „добри шанси“ да се стави крај на војната со Русија, откако Украина и Соединетите Држави предложија 30-дневен прекин на огнот, на кој Москва рече дека ќе се согласи само доколку се исполнат одредени услови.
Зеленски истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да ги одложи преговорите за прекин на огнот и ги повика САД и другите сојузници на Украина да извршат притисок врз Русија, пренесува Ројтерс.
По разговорите во Џеда (град во Саудиска Арабија, уред.), Украина го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот, а Путин рече дека начелно се согласува со предлогот, но дека „има нијанси“.