Зеленски бара САД се обврзат дека ќе ја бранат Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Единственото прашање е какви ќе бидат безбедносните гаранции и искрено сакам да имаме разбирање пред разговорите. Ако тој (Трамп) може да ја гарантира оваа силна и неповратна безбедност за Украина, ние ќе тргнеме по овој дипломатски пат“.

Вака изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Блумберг  во средата. Тој вели дека сака да издејствува Трамп да се обврзе дека ќе ја брани Украина пред да седне со Русија на преговарачка маса.

Додека Зелеснки вели дека можеби би преговарал, според украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, останува на сила указот со кој Зеленски во есента 2022 година со кој се забрануваат од какви било преговори со Путин, откако Русија ги припои окупираните украински области Доњецк и Луганск, заедно со Херсон и Запорожје.

Зеленски од Светскиот економски форум во Давос изјави дека потребни се најмалку 200.000 трупи од Европа како безбедносна гаранција за мир, но дека најдобрата гаранција за Киев е членство во НАТО.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека се подготвува за средба со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп се закани со санкции кон Русија доколку Путин одбие да преговара.

„Не сакам да ја повредам Русија. Го сакам рускиот народ и отсекогаш сум имал добри односи со претседателот Путин. Никогаш не смееме да заборавиме дека Русија ни помогна да ја добиеме Втората светска војна, кога изгубија речиси 60 милиони луѓе. Затоа, ќе им направам голема услуга на Русија и претседателот Путин, бидејќи нивната економија се распаѓа“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Вистина“.

Во четвртокот портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека најавените санкции од Вашингтон не се ништо ново за Кремљ имајќи предвид дека Трамп и во првиот мандат како претседател прибегнувал кон вакви мерки.

Според Песков, Москва сè уште чека сигнали што не пристигнале.

Share This Article